Прснат воденик во 25. недела, високо ризична бременост, две загуби претходно, шансите за преживување на плодот во матичната болница во Тирана сведени на минимум. Едноставно семејството од Албанија решило да побара надеж во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје, за која добиле одлични препораки.
За среќа, со одличен тим зад себе, посветеност во работата и професионалност, малата Марис, родена во 27. гестациска недела, со само 800 грама, денес си оди дома. Велат вечно ќе им бидат благодарни на д-р Александар Бојаџиев, д-р Антони Христовски и најпосветените медицински сестри од NICU.
„Желбата за бебе направи да се преселиме изминатиов период во Скопје. Во Тирана ми рекоа дека шансите за Марис се минимални. Од блиски роднини на мојот сопруг дознаввме дека во Скопје има одлична болница, па решивме да поминеме километри и километри за да го понудиме најдоброто за нашето неродено бебе. Зад себе имам одлично искуство, му благодарам на д-р Александар Бојаџиев, кој ме прими во 25. недела со пукнат воденик, направи низа испитувања и во 27. недела, на 13 февруари на свет ја донесе малата Марис. Докторот беше секогаш позитивен и насмеан и знаев дека со оваа бременост иако беше тешка и сложена сè ќе заврши како што треба. Стравот беше постојано присутен, но со ваков тим, секоја солза сега се претвори во насмевка. Му благодариме и на д-р Антони Христовски, кој се грижеше за нашата малечка, и на сите сестри од одделот за Неонатална интензивна нега. Пресреќни сме, си одиме заедно“- споделија Матилда и Маркелијан Зерај.
Како и многу бебиња родени предвреме, Марис поминаа низ едно патување исполнето со многу надеж, храброст и сила. Со големи ризици по бебето, таа си заминува без компликации со одлични почетни параметри.
Медицинските сестри кои 62 дена се грижеле за Марис биле огромна поддршка за семејството. Раскажуваат дека секојдневно се соочуваме со многу инспиративни приказни, а за нас секоја од нив е возбудлива и исполнета со многу предизвици.