Категории

6 знаци кои укажуваат на тоа дека не треба да стапите во брак со вашиот партнер

Омажете се за личност за која можете да кажете повеќе добро отколку лошо и со чии маани можете да живеете. Најважно е да не брзате, туку добро да размислите пред да кажете судбоносно „да“.

Луѓето кои се разведуваат скоро секогаш велат дека не требало да стапат во брак, но дали се прашуваат зошто се согласиле на брак, иако интуицијата им го кажала спротивното. Лин Мереди Голоднер, советник за брак, сподели шест сигурни знаци дека не сте подготвени за брак.

Мислите дека вашиот партнер често изгледа „неуредно“
Како мажот се однесува кон себе, има многу врска со тоа и како другите го гледаат. Дали шета низ градот во стуткана гардероба или изгледа уредно и пристојно? Честопати неуредна душа се крие зад неуредниот изглед.

Дали сте забележале дека вашиот партнер понекогаш е неспособен?
Бидете искрени со себе и запрашајте се дали вашиот партнер може да си ја задржи работата? Дали е подготвен да стане родител? Ако не го сметате за сериозен возрасен човек, тој веројатно сè уште не е подготвен за брак.

Не сте задоволни со себеси
Ако не сте задоволни од себе, и чувствувате дека треба да работите на многу работи, свадбата е загарантирана да не биде решение.

Вие не сте сексуално компатибилни
Хемијата во спалната соба има многу врска со тоа колку добро комуницирате со вашиот партнер. Ако сега немате волја или енергија за интимни врски, веројатно нема да ги сакате подоцна, кога ќе имате деца.

Чувствувате дека вашата врска напредува премногу брзо.
Не брзајте за брак. Дајте и време на вашата врска. Добро запознајте го вашиот партнер пред да одлучите да стапите во брак.

Вашата свршувачка или брак делува како туѓ избор
Бракот не е мала работа. Не дозволувајте туѓо мислење да ве натера да го направите тој чекор. Омажете се за личност во која гледате повеќе добри отколку лоши квалитети и со чии маани можете да живеете.

Прегледи:
551
Објавено на:
12.05.2021