Категории

Сите фитнес тајни за заводливата фигура на војвотката Кејт Мидлтон

Откако се омажи за принцот Вилијам во 2011 година, Кејт Мидлтон стана икона на модата и начинот на живот на милиони луѓе ширум светот. Тоа е како секој да го посакува животот што го има, вклучувајќи ги нејзините фустани, чевли, но и нејзиниот изглед.

Иако постојат многу аспекти од животот на Кејт, кои е тешко да се имитираат, постои една работа што можете да ја направите како војвотка: можете да вежбате. Кејт е позната љубителка на фитнесот и никогаш не се срамеше да ја покаже својата љубов кон вежбањето, без разлика дали игра фудбал, трча или се фали со стрелаштво.

Судејќи според нејзините досегашни изјави, се чини дека тајната на нејзиниот виток изглед е дека сака да игра скоро со сите спортови.
Трча, плива, вежба HIIT и јога и генерално ги разбира придобивките од редовното вежбање. Значи, ако постои едно правило за фитнес одобрено од војвотката, тоа е дека никогаш не треба да бегате од промена на вашата рутина за да ги одржувате вежбите забавни и свежи.

1. Plank
Според „Дејли меил“, војвотката од Кембриџ е голем љубител на plank, и тоа со добра причина. Планкот зајакнува неколку мускулни групи со едно движење, вклучувајќи ги стомачните мускули и глутеусот.

2. Јога и пилатес
Дејли меил исто така пишува дека Кејт практикува јога за да остане флексибилна. Со негова помош го намалува стресот, но и ја подобрува концентрацијата. Таа е исто така голем обожавател на пилатес, која ја користи за да го подобри своето држење на телото. Пилатес, инспириран од балет и јога, исто така може да ги истегне и зајакне мускулите со минимално влијание врз зглобовите – што го прави уште еден одличен тренинг за зголемување на флексибилноста.

3. Кардио
Понатаму, Кејт ужива во велосипедизам, трчање и пливање, а сето тоа е фантастично аеробно вежбање. Дури и ако немате време да трчате по три километри секој ден, сепак постојат едноставни начини да направите кардио тренинг дома. Луиза Паркер, поранешна инструкторка на Кејт, препорачува пешачење, скокање јаже или танцување за да го забрзате срцевиот ритам.

4. Вежбајте во парови
Вежбањето со партнер може да ја зголеми мотивацијата и постојаноста, што е добра работа за постигнување на фитнес цели. Познато е дека Кејт ја дели теретаната со нејзината сестра Пипа Мидлтон, и јасно е дека резултатите не изостанаа.

Прегледи:
614
Објавено на:
25.05.2021