Категории

Домашна маска за затегнување и освежување на лицето со 2 состојки од кујната

Едноставен рецепт за маска за кафе ќе го направи лицето свежо и затегнато.

Следниот пат кога ќе испиете кафе, не фрлајте ги остатоците бидејќи со малку вода може да послужи како козметички препарат. Малку промешајте го талогот, а потоа тријте го во кожата на лицето пет до десет минути. По масажата исплакнете го лицето со млака вода.

МАСКА ЗА ЛИЦЕ ОД КАФЕ И КАКАО
Состојки:

  • 2 лажици мелено кафе
  • 2 лажици какао во прав
  • 3 лажици полномасно млеко или јогурт
  • 1 лажица мед.

Подготовка:
Измешајте ги сите наведени состојки добро и нанесете ги на лицето. Откако маската ќе отстоиоколу 15 минути, треба да се исплакне со млака вода. Додека ја нанесувате маската, нежно масирајте го лицето за подобра циркулација.

Прегледи:
921
Објавено на:
04.07.2021