Бела Хадид ја остави без здив публиката на црвениот тепих кога денес се појави на црвениот тепих на Канскиот фестивал во креацијата на модната куќа Скиапарели. „Прекрасно, оригинално, феноменално!“ – гласеа коментарите на модните критичари.
Фустанот е од колекцијата есен/зима на дизајнерот Даниел Розбери, со долги ракави и длабоко деколте кое доколку немаше ѓердан, ќе ги откриеше градите. Но, каква моќна камуфлажа е тоа и која симболика во годината ковид. Имено, наместо градник Бела носеше ѓердан во облик на бели дробови.