Категории

Џеј Ло пристигна како вистинска кралица во Венеција – Стајлинг кој го остави без зборови модниот свет

Џенифер блеска и на копно и на вода.

Во магичниот амбиент на плоштадот Свети Марко во Венеција, околу четиристотини најважни клиенти на брендот „Долче и Габајн“ добија шанса да ја видат новата колекција на мода на ова славно модно дуо. Иако имаше многу познати личности во поканетата компанија на „Алта Мода шоу“ – од Кортни Кардашијан, преку Моника Белучи и Кити Спенсер, до Хелен Мирен, Џенифер Лопез привлече најголемо внимание. Американската пејачка и актерка се појави во кралското издание со потпис на Доменико Долче и Стефан Габана.

Таа го привлече вниманието со необично парче – прекрасна зелена наметка со цветен дезен што достигнуваше се до подот, и која беше украсена со монументални копчиња. Под него, таа носеше сет составен од кроп топ и панталони со висок струк кои ја истакнуваа нејзината фит фигура, а комбинацијата ја собра со сандали со отворени прсти и со вртоглави платформи што вообичаено сака да ги носи. Таа го заврши изданието со минијатурна златна чанта, а на главата носеше цветна круна, што дополнително придонесе за кралскиот впечаток.

Комбинацијата ја сподели на својот Инстаграм и собра неколку милиони лајкови од весели обожаватели кои и рекоа: Изгледаш величенствено!

Прегледи:
559
Објавено на:
31.08.2021