Категории

Хана Бејкер, професорка и училишен советник во АГС: “Чест ми е што сум дел од училишната заедница на АГС”

Хана Бејкер е професорка по англиски јазик и училишен советник од Соединетите Американски Држави со долгогодишно искуство и работа во средни училишта. Од скоро е дел од тимот на Американската Гимназија Скопје.

Вие сте нов член во семејството на Американската Гимназија Скопје. Што работите и какво е Вашето искуство во училиштето досега?

Се викам Хана Бејкер и во учебната година 2021-2022 работам како професорка по англиски јазик, но и како училишен советник во Американската гимназија Скопје. Навистина сум многу задоволна што имав можност да ја добијам оваа работа! Вработените веднаш ме прифатија и се многу срдечни, а учениците се исклучително талентирани. Пресреќна сум на времето што ќе го поминам во АГС и во Северна Македонија.

Каков е Вашиот впечаток за учениците во АГС?

Учениците се многу интелигентни, вредни и соработуваат со мене. На прашањето – што им е потребно за да бидат успешни ученици, скоро сите имаат ист одоговор – потребна им е поддршка, соработка и охрабрување од нивните соученици. Колку што увидов – тоа и го прават меѓусебно во континуитет. Се гледа дека работат во средина со која се длабоко поврзани, како и дека меѓусебно се посветени. Почестена сум што сум дел од ова училиште.

Како Ви се допаѓа Скопје досега?

Скопје е град кој има многу разни места за истражување! Уживам кога го разгледувам културниот момент од градот и она што досега за мене лично го има понудено. Имам цел список на места кои ми ги препорачуваат новите пријатели, а се надевам дека ќе успеам да ги посетам сите!

Која е најголемата разлика меѓу американските и европските средни училишта?

Врз основа на моето досегашно искуство со АХСС, главната разлика меѓу американските и европските гимназии е распоредот на часови, изборот на предмети и она што може да го добиеш како избор на нивоа по предмет. Во американските гимназиии, најголемиот дел ученици имаат распореди чија цел е што поуспешно матурирање. Нема голем избор на друг вид предмети, додека пак овде, учениците имаат многу голем избор, во смисла на тоа дека можат да учат многу повеќе и да го изберат она што им се допаѓа! Дополнително, распоредите во Америка предвидуваат скоро секогаш ист распоред на часови во исти денови, додека овде распоредот е малку поакадемски, како за на факултет. Последна разлика би била тоа што тука има едно ниво на предмет за секоја година, додека во Америка има различни нивоа на предметите за секоја година.

Може ли да ни дадете 5 совети за справување со возбудата од враќање во училиште, но во состојба на пандемија?

1. Бидете трпеливи кон себе и останатите. Новата нормалност е можеби различна од онаа пред пандемијата и за вас, и за училиштето.

2. Имајте почит кон личните граници кои си ги поставуаат луѓето во поглед на здравјето и безбедноста.

3. Одвојте време за транзиција од дома до училиште секој ден. Тоа може да биде во вид на медитација, слушање конкретна музика по пат, водење дневник или некоја активност што ќе овозможи вашето тело и ум да се пренесат од едно на друго место.

4. Побарајте помош кога ви е потребна (академска или емотивна).

5. Запомнете, во оваа ситуација и момент сме СИТЕ заедно.

Прегледи:
402
Објавено на:
17.09.2021