Ти не си за секого. Внатре во тебе има песни со кои луѓето нема да можат да се справат, бури кои се надвиснуваат низ твоите коски, кои некои никогаш нема да имаат храброст да ги издржат. Имаш љубов внатре во себе што ќе излезе од твоите вени како мед во топол ден и никогаш нема да можеш да ја спречиш. Ќе се заљубиш на најдобриот можен начин – оној за кого сонуваат нежните срца, оној свет во кој луѓето кажуваат како се чувствуваат и го сакаат кого го сакаат без двоумење. Засекогаш ќе бидеш приврзан за длабоките делови на оние во кои се заплетка. Надежта ќе се излива од тебе како дожд.
Но, од време на време, ќе бидеш погрешно разбран во начинот на кој се грижиш, бидејќи ќе ги сакаш луѓето не за она што е очигледно во нив, туку за она што се крие под нивните маски. Нема да им се радуваш на нивните пеги, нема да им ги пофалиш нијансите на нивните очи. Ќе живееш за начинот на кој дишат во студениот декемвриски воздух, гледајќи како нивните гради се креваат и паѓаат како твоето чукање на срцето. Ќе живееш за начинот на кој нивните зеници се шират кога зборуваат за нешто за што се навистина страсни. Ќе живееш за начинот на кој тие сонуваат, за начините на кои тие се нежни.
Не, ти не си за секого. Никогаш нема да можеш да се спречиш да врескаш од љубов гласно на покривот од зградата, никогаш нема да можеш да се преправаш дека си „кул“. Ти си тип на личност која се грижи за странците што ги гледа во продавниците за храна, тип на човек што ќе остане навечер да ги слуша приказните на приателите за нивната љубов од петто одделение, надевајќи се дека сонцето прекрасно заоѓа каде и да ја потпираат главата. За тоа, се надевам дека ќе се заштитиш себеси од сите оние кои ќе сакаат да ја извалкаат твојата толку чиста и невина душа.
Се надевам дека нема да дозволиш светот да те осудува дека си премногу гласен, премногу експресивен, премногу мек; и нема да дозволиш да те убеди да бидеш совршен наместо вистински. Навистина се надевам дека ќе го прославуваш фактот дека не си за секого, дека не ги импресионираш сите видови на луѓе изградени врз темелите на тажниот свет. Ако нешто правиш, те молам, дозволи си да се радуваш на фактот дека не се вклопуваш, дека размислуваш поинаку, бидејќи ти си личност која променува животи.