Категории

Оваа есен во тренд: Фризурата која прави вашата коса да изгледа поздрава и погуста

Есента е вистинското време за промена на косата, и ако размислувате за драстична фризура, време е за кул боб кој се повеќе се бара во салоните.

Летото се приближува кон крајот и новата сезона е на прагот, и секогаш носи со себе нови трендови кога станува збор за убавината.

– Забележав дека клиентите се се поотворени за промени и драстични кратења – изјави познатиот стилист за коса Лук Хершесон за Гламур и додаде дека се повеќе клиенти се одлучуваат за промена на косата.

Една од најбараните фризури е боб кој изгледа многу опуштено, секојдневно и без растовар, а е посебен по тоа што изгледа како да е „исечен со нож“, односно врвовите се остри и не се униформни, но изгледа малку неуредно. Фризерите го нарекуваат пробиен боб, и е вистинско освежување и изгледа многу лежерно, но има и доза на сексапил.

Експертите велат дека овој тип на сечење е полесен за одржување и косата може да изгледа подебела и поздрава.

Ако се одлучите за ваква фризура, играјте кога ја обликувате косата. Користете лак што ќе и даде текстура на косата, и нанесете ја пената врз неа со прстите, што ќе и даде волумен на косата.

Прегледи:
910
Објавено на:
22.09.2021