Категории

Имаш право да заминеш кога повеќе не ти е дадена љубов каква што заслужуваш

Имаш право да ја оставиш својата мината верзија на себеси и да создадеш нова.

Ти имаш право да ги земеш своите работи и да започнеш одново некаде, на друго место, ти имаш право да го промениш својот живот.Ти имаш право да ја напуштиш секоја ситуација во која не се гледаш себеси. Ти имаш право да заминеш од било која животна приказна која не ти се допаѓа. Ти имаш право да одиш од градот кој го пригушува твоето светло и не дозволува да светиш посилно.
Ти имаш право да ги земеш своите работи и да започнеш одново некаде, на друго место, ти имаш право да го промениш својот живот.

Ти имаш право да ја напуштиш работата која ја мразиш, дури и ако целиот свет ти кажува да не го правиш тоа. Ти имаш рапво да го бараш она кое ќе те мотивира да станеш секој ден од креветот до крајот на животот.
Ти имаш право да одиш од некој кој не го сакаш, и оној кој се однесува лошо спрема тебе. Ти имаш право да се ставиш себеси на прво место и да заминеш, ако се обидуваш повторно и повторно, а ништо не се променува.

Ти имаш право да заминеш од лошите пријатели, ти имаш право да се опкружиш со љубов, луѓе кои те поддржуваат и ти помагаат. Ти имаш право да ја земеш енергијата која ти е потребна во животот.
Ти имаш право да си ги простиш големит еи малите грешки, ти имаш право да бидеш добар спрема себеси, да се погледнеш во огледалото и да си се допаднеш на себеси.

Имаш право да ја оставиш својата мината верзија на себеси и да создадеш нова.

Прегледи:
414
Објавено на:
22.09.2021