Категории

Од овој хороскопски знак бегајте што подалеку! Тој е вашиот непријател број 1!

Кој е вашиот најголем непријател според хороскопскиот знак?

ОВЕН

Риби. За пречувствителните и емоционални Риби, премногу сте практични и малку воздржани. Ќе биде потребно многу труд за да успее оваа врска. Нестрпливи сте и премногу зафатени за врска која бара повеќе од вас.

БИК

Близнаци. Близнаците се прегласни и буквално ги има сегде. Барате доследност, стабилност и рутина, па тешко ви е да се носите со сегдеприсутниот Близнак.

БЛИЗНАЦИ

Девица. Како и Биковите, Девиците се практични и сакаат рутина и приватност. Освен тоа, не говорат за своите мисли и емоции. Поради тоа, Девиците секогаш делуваат премногу „тивко“  малку здодевно.

РАК

Јарец. Јарците се малку одвоени личности на кои им е многу тешко да сакаат друга личност и да и веруваат. Напротив, вие сте претставник на најгрижливиот, великодушен и полн со љубов знак во зодијакот, па поради тоа ви е потребен реципроцитет на вашите силни емоции.

ЛАВ
Вага. Премногу сте бучни и барате многу за урамнотежената и дипломатска Вага. Секогаш ќе одите по својот пат не знаејќи за потешкотии. Но сакате сложеност, па ви е потребен знак кој е страствен и огнен како вас.

ДЕВИЦА

Стрелец. Накратко, сакате мирно да седите, а Стрелецот сака да лута по светот. Вие двајца одвај имате доволно време еден за друг, бидејќи постојано работите, а Стрелецот веројатно го планира своето идно патување.

ВАГА

Рак. Сакате сѐ да биде умерено, поради што активноста на Ракот ве прави да се чувствувате непријатно. Постојано имате чувство дека не правите доволно, па се чувствувате криви.

ШКОРПИЈА

Лав. Иако имате многу заеднички особин, почесто се расправате отколку да сложувате. Вие двајца сте полни со самодоверба, фини, харизматични и сакате внимание, што доведува до нездрава конкуренција бидејќи постојано се обидувате да се престигнете еден со друг.

СТРЕЛЕЦ

Бик. Бикот не сака номадски начин на живот. Овие луѓе се перфекционисти, сакаат да прават планови за иднината и да живеат во сегашноста. Брзо ќе се изморите од учењето на Бикот, како треба да живеете, бидејќи не сакате ништо да менувате.

ЈАРЕЦ

Овен. Освен за работа, многу е тешко да се договорите со него. Поради таинственоста на Јарецот и нетрпеливоста на Овенот, овие два знаци не можат нормално да комуницираат. Сакате да ги правите работите на различен начин, па ќе ви биде потребно многу време да се отворите еден на друг.

ВОДОЛИЈА

Шкорпија. Вашиот бунтовнички дух и отворена личност можат погрешно да се протумачат. Шкорпиите не можат да простат. За нив е многу важно како изгледаат во јавност, додека сте слободни во духот и ја прифаќате својата ексцентричност. Не плашете се да им изгледате смешни на другите, но Шкорпијата е напротив, многу загрижена за својата репутација.

РИБИ

Водолија. Не може да бидете во тек со постојано променливите мисли и емоции на Водолијата. Поентата е дека сте многу емотивни. Сакате луѓе кои се заинтересирани за вашитеемоции и спремни се да зборуваат за нив. Водолиите понекогаш се губат во своите мисли, бидејќи не можат да ве прочитаат, дека сѐ уште се пронаоѓаат себе.

Прегледи:
796
Објавено на:
01.10.2021