Вечерва, 8. октомври нѐ очекува магичен дожд од ѕвезди што паѓаат-Дракониди. Еве кога треба да погледнете во небото и да замислите желба. Метеорскиот дожд е нешто величенствено и магично. Кога на небото ќе започне ѕвездениот огномет, имаме силни емоции бидејќи присуствуваме на магичен момент кој освен што е убав, според верувањата може да привлече и остварување на желбите.
Метеорскиот дожд нѐ очекува помеѓу 6. и 10. октомври, а најдобра вечер за набљудување на ѕвездите кои паѓаат е 8. октомври. Овој феномен најдобро е да го набљудувате после полноќ или рано наутро на темно место каде што небото е отворено.
Овој метеорски дожд ни приреди вистински спектакл на небото во 2011. година кога можеа да се видат по повеќе од 600 метеори на час. Сепак, тоа е последен пат кога се случи таков дожд на Дракониди бидејќи тие се најчесто спори и не создаваат огромен одблесок. Сепак, со оглед на тоа дека овогодинешниот метеорски дожд се јавува во близина на младата Месечина која го осветли небото на 6. октомври, во отсуство на силна месечина повеќе метеори можат да бидат видливи над ноќното небо.
Иако не сме сигурни дали ќе ги гледаме ѕвездите како паѓаат, секако вреди да се обидеме. Загледајте се во темното небо и негувајте позитивни мисли во тој момент. Размислувајте за остварување на желбите, замислувајте, а кога ќе здогледате ѕвезда како паѓа, задолжително замислете ја најпосакуваната желба.
Важно е желбата да ја зачувате само за себе, за енергијата да не се расипе. Ако верувате искрено и се активирате кон остварувањето, метеорскиот дожд ќе ви донесе среќа и тој магичен момент ќе ја оствари вашата желба.