Според истражувањата на УНИЦЕФ секое седмо дете и адолесцент на возраст од 10 до 19 години во светот – живее со дијагностифицирано ментално пореметување. Тука се вклучуваат и проблемите во однесувањето, анксиозноста и депресијата, од кои некои од младите се толку погодени што се одлучуваат да дигнат рака на себе.
УНИЦЕФ објави дека менталните болести кај младите се во пораст: Секоја година околу 46.000 деца и млади на возраст од 10 до 19 години извршуваат самоубиство. Стручњаците повикуваат на брзо делување. Бројките се повеќе од алармантни.
„Речиси 46.000 млади луѓе си го одземаат животот, секоја година. Во група од 15 до 19 години самоубиството е еден од петте најчести причини за смрт.“
Младите луѓе повеќе умираат само од сообраќајни несреќи, туберколоза или насилство.
Секоја четврта личност во Германија се чувствува депримирано
Во истражувањето кое е спроведено во 21 земја, секое петто момче или девојка на возраст од 15 до 24 години, се чувствува депресивно. Во Германија тоа го изјавил секој четврти испитаник.
Последиците од пандемијата со коронавирус очигледно се врв на ледениот брег кој постоеше и претходно, предупредува извршната директорка на УНИЦЕФ Хенриета Форе.
Ова не е само медицински проблем
Во таа смисла училиштата се од особена важност. УНИЦЕФ долго време предупредуваше дека тие мора да бидат отворени што побргу. Речиси третина од училиштата во светот сѐ уште се делумно или потполно затворени. Поради тоа на момчињата и девојчињата им е намален пристапот на образование и други видови на поддршка.