Категории

Како изгледа денес животот во вистински харем? Погледнете како живее принцот од Брунеи!

Овој принц има вила вредна 45 милиони фунти, 2000 автомобили нарачани според неговите желби, повеќе од 10 авиони, харем скапи жени, па поради тоа не е зачудувачки фактот што неговите месечни трошоци изнесуваат и по неколку десетици милиони фунти.

Харемот на плејбој

Брунеи е држава сместена на север на островот Борнео во југоисточна Азија. Харемот на Брунеи има 40-тина жители. Тој е сопственост на плејбојот Џефри Болкиаха, брат на султанот Хасанал Болкиаха од Брунеи. Споменатиот принц има вила вредна 45 милиони фунти, 2000 автомобили, повеќе од 10 авиони, голем храм со жени. Можеби се прашувате од каде доаѓа ова огромно богатство во една толку мала земја, а одговорот е поради изворите на нафта и плин.

Опседнатост со женски гради

Принцот има 66 години и повеќе од 600 скапи недвижности низ светот, па така и во Лондон како еден од најскапите градови, поседува куќа вредна повеќе милиони фунти. Тој е едноставно луд за жени, посебно за женски гради поради што својата јахта ја нарекол со едноставно име Титс (гради). Џефри има повеќе жени, голем број деца и посвоени штитеници. Иако има повеќе жени, никогаш не може да се засити, па има и луѓе кои бараат во негово име најубави жени во светот.

Сексуално ропство

Шенон Маркетич мисица на САД во 1992. година, го тужела принцот за сексуално ропство. Таа имала само 18 години кога завршила во харемот, а во него стигнала директно од Њујорк, при што веднаш по пристигнувањето морала да го предаде својот пасош. Го обвинува принцот за дрогирање, а објаснува и дека неговата послуга смета дека спиењето со него е особена чест која треба да ја прави среќна бидејќи е тој некој вид полу-човек, полу-бог. Таа тврди дека дошла да работи како промотерка преку агенција, но наместо тоа станала сексуална робинка. Кога се вратила во САД го тужела принцот, но тој се повикал на дипломатскиот имунитет и случајот завршил уште пред да започне.

Dec 2, 2010. Brunei’s Prince Jefri Bolkiah. Photo by Warzer Jaff.

Правила на однесување

Некои од жителите на харемот имаат плата од неколку илјади долари дневно. Девојките и девојчињара кои живеат таму, а има и 15-годишни, мораат во текот на престојот да водат сметка за тежината и да се поклонуваат на кралското семејство. До девојки доаѓа на различни начини, па некогаш само ќе разгледа списание или ќе погледне телевизија и кога ќе одлучи да има некоја девојка, ги контактира своите луѓе и тие го работат својот дел од работата, а за цена воопшто ни не прашува.

Принцот и проневерата на државно земјиште

Иако лесно избегнува секакви судски спорови поврзани за жени, се соочил со проблеми поврзани за својот однос кон државната сопственост која ја присвоил, пред некои 20 години.