Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг ќе проговори за промената на брндот на 28. октомври, на годишната конференција на компанијата „Connect“, но планот би можел да биде објавен и порано.
Социјалната мрежа Фејсбук планира да го промени името следната седмица и да продолжи со работа под нов бренд кој ќе одржува фокус на компанијата на градење „метаверзум“, објавил порталот Verge повикувајќи се на извор кој директно е запознат со плановите.
Метаверзумот се однесува на светот на виртуелното опкружување, на кое луѓето можат да му пристапат преку интернет, а изразот може да се однесува на дигиталниот простор кој преку користење на виртуелна стварност или проширување на стварноста наликува на реален живот.