Категории

Не тагувајте по никој кој заминал од вас – Оние вистинските секогаш остануваат и колку да е тешко!

Со текот на времето, сфаќате дека некои луѓе едноставно мора да излезат од вашиот живот. Но, не затоа што е создадена тензија помеѓу вас или затоа што нема повеќе теми за разговор или затоа што некои други работи се препрека. Едноставно затоа што заврши една епизода од животот. И твојата и нивната. Се променивте а се променија и тие. Поинаку гледате на работите и имате сосема други приоритети. И твоите чувства веќе не се на иста бранова должина.

Тоа се случува без причина и кругот одеднаш е потесен. Но, луѓето кои вредат злато, остануваат во него. Тоа се бесценети луѓе. Луѓе кои даваат утеха кога ви е тешко и насмевка која го враќа сонцето на небото. Тие знаат како да ги отстранат грижите и да ви го направат денот. Затоа што имаат нешто чудесно во себе, нешто топло и човечко. Тие знаат како да го избркаат стравот и да го намалат сомнежот затоа што што живеат со срцето и тие ги разбираат работите. И тогаш се е поубаво и подобро.

Прегледи:
484
Објавено на:
22.10.2021