Имате ирационален страв од возење? Доколку е така, можеби патите од анксиозност при возење. Овој проблем може да влијае врз повеќе сфери на вашето живеење, а најважно од сѐ да ви го отежнува пристигнувањето од едно место на друго. Но, анксиозноста при возење може да се надмине и не е нешто со кое мора да живеете.
Препознајте го видот на анксиозност при возење кој го чувствувате
- Можеби се плашите да не добиете паничен напад додека возите и да се најдете во безизлезна ситуација
- Некои луѓе се плашат да не им се случи сообраќајна несреќа додека управуваат со возилото како последица на анксиозноста. Голем е и бројот на луѓе кои развиваат анксиозност откако доживеале сообраќајна несреќа.
- Некои луѓе ги вознемирува помислата да бидат набљудувани како возат или воопшто да се најдат во јавност.
Соочување со стравот
Првиот чекор е соочување на стравот. Колку подолго избегнувате да седнете позади волан, толку потешко ќе се справите со анксиозноста.
View this post on Instagram
Елиминирајте ги негативните мисли
Додека се соочувате со анксиозност при возењето, исто така е важно да ги елиминирате негативните мисли во главата кои ги хранат вашите стравови. Создадете листа на реченици кои ќе си ги повторувате, како на пример „Јас сум добар возач“, „Можам да се справам со возењето“ и слично.
Имајте „план Б“
Треба секогаш да имате план Б кога се соочувате со анкксиозност при возењето. Доколку сте се соочувале со панични напади досега, чувајте хартиена кеса во автомобилот да ве смири ако почнете да паничите и тешко да дишете.
Бидете нежни кон себе
Нема потреба да се форсирате и да се трудите да го надминете стравот со тоа што ќе возите во најпрометните улици каде што има најголема гужва. Бидете нежни кон себе и започнете со возење на познати локации каде што сообраќајната гужва е редуцирана.
Бидете сигурен возач
Направете сѐ што е во ваша моќ да ги почитувате сите сообраќајни правила. Почитувајте ја дозволената брзина, користете сигнали, однесувајте се примерно во сообраќајот. Секако, треба да внимавате и на останатите учесници во сообраќајот но, не до тој степен да си создадете анксиозност.
Покрај овие совети, најважно од сѐ е да се обратите кај вистински професионалци кои ќе ви помогнат да го пребродите стравот од возење и да направат да се чувствувате сигурни во себе. Автошколата Смарт ви овозможува високопрофесионална обука за Б категорија.
Вози паметно и победи го стравот со помош на Автошкола Смарт.