Запомнете една работа. Секогаш бидете фер кон себе и не молчете кога не ви одговара. Колку и да изгледа малку тоа и ве учеле дека тоа е пристојност. Но не е, тоа е непочитување кон вас самите. Не мора да толерирате нешто што ве прави да се чувствувате помалку вредни. Не мора да трпите непочитување на мирот. Постојат граници во светот. Тие треба да постојат и во нашите животи за да можеме да кажеме: Досега да, но не понатаму. Ти си херој, хероина, ако можеш да го кажеш тоа.
И запомнете, никогаш не оправдувајте нечии лаги и навреди кон вас. Колку и да беа слатки или можеби изгледаа безопасни. Не постои лага која е безопасна. Сето ова порано или подоцна доаѓа до реализација. И не останувајте долго со оние чиј заеднички живот повеќе личи на казна. Луѓето кога сакаат, можат да бидат добри, можат да ја покажат својата убава страна. Вие ја одредувате вашата вредност и не дозволувајте некој да ја доведува во прашање.