Категории

Марс во Шкорпија носи големи промени, но бидете внимателни: Овие 3 знаци ќе доживеат голем успех!

Силата, моќта, упорноста и челичната волја од една страна и конфликтите со авторитетите од друга страна ќе го направат овој месец динамичен, а за водените знаци особено среќен.

Борбениот Марс излезе на 30. октомври од знакот на Вага, каде што не се чувствуваше добро, и конечно влезе во своето седиште каде што неговата енергија е силна. Тоа ќе се одрази и на многумина од нас – ќе имаме силна волја и ќе бидеме одлучни.

На самиот почеток на ноември сите кои се на водечки позиции може да дојдат до конфликт со околината, па поради тоа се советува да најдат некој индивидуален начин на кој ќе научите да ги почитувате авторитетите.

Ќе бидеме појасни во искажување на нашите идеи и мислења, и уште поважно – ќе бидеме поконкретни и поконцизни. Обрнете внимание на однесувањето во сообраќајот, како и на изговорените зборови, за да не дојде до конфликт.

Другата половина на ноември носи поповолен аспект на Марс каде што многумина ќе се трансформираат – енергијата се враќа на голема врата, па очекуваме новости или промени кога се работи за работата. Припадници на многу знаци ќе променат работа, бидејќи овој период е идеален за тоа, поради енергијата, силата и мудроста кои ќе бидат сојузници во вакви моменти.

Исто така, многумина кои се бават со спорт ќе доживеат успех на натпреварувања.

Во последната недела од ноември Марс ќе направи малку потежок аспект, па максимално „спуштете ја топката“ ако забележите дека луѓето стануваат агресивни. Едноставно само занимавајте се со себе и ако наидете на проблем обидете се да се повлечете.

Сите кои имаат добро поставени планети во знакот или подзнакот на Рак, Риби и Шкорпија ќе се издвојат на некој начин. Искористете го овој период, успехот ви се насмевнува на многу полиња.

Внимателни треба да бидат родените во знак или подзнак во Лав, кога станува збор за здравјето. Бидете издржливи – вие сте силни и во краток интервал силата полека ќе ви се врати.

Прегледи:
648
Објавено на:
04.11.2021