Категории

Како да реагирате на злобата, зависта и навредите? Поучна приказна!

Живеел еден стар мудар самурај. Имал група ученици и ги обучувал за мудростите и војничките вештини. Еден ден, за време на обуката, дошол млад војник, познат по својата грубост и негативен став.

Samurai silhouette at sunset

Неговата омилена тактика била провокација: ги навредувал противниците и лесно губел трпение, ги прифаќал предизвиците, но во бес правел многу грешки и секако, секогаш ја губел борбата.

Така се случило и овој пат: војникот кажал неколку навреди и почнал да ја набљудува реакцијата на самурајот. Самурајот мирно продолжил со предавањето.

Ова се повторило неколку пати. Кога самурајот никако не изреагирал ниту третиот пат, војникот налутен си отишол од предавањето. Останатите ученици внимателно и со заинтересираност ја набљудувале оваа ситуација. Откако си отишол војникот, еден од нив не издржал и прашал:

– Учителу, зошто ги толериравте неговите напади и навреди? Требаше да го предизвикате на борба!

Мудриот самурај одговорил:

– Кога некој ќе ви донесе подарок, и вие не го прифаќате, каде ќе заврши подарокот?

– Кај сопственикот – одговориле учениците.

– Истото важи и за зависта, омразата, навредите и злобата. Сѐ додека не ги прифатите, тие ќе припаѓаат на личноста која ги донела.

Прегледи:
593
Објавено на:
05.11.2021