Категории

Вредноста на човек не се мери според тоа што го има, туку според тоа што е!

Секоја вечер, погрижете се една работа да е чиста, образот. Кога ќе биде чист, ќе видите дека се друго ќе си дојде на своето. Верувајте дека многу пати ќе ви биде тешко и дека ќе се прашувате дали има смисла, но знајте дека има. Многупати ќе видите дека луѓето во удираат таму каде што сте најслаби, и дека тие што велеа дека ќе бидат таму не се. Но, не грижете се за тоа. Само грижи се да не се изневерите себеси и да не одите кај што оди толпата. Продолжете по патот со мирна душа, таму каде што застанавте денес.

После секој пад, обидете се да станете повисоко отколку што луѓето велеа дека можете. Издигнете се над нивните ситни подметнувања, споредби и завист. Затоа што не ви треба никој таков во животот. Не ви треба свет во кој нечија вредност се мери според тоа што го има, туку според тоа што е. Ви треба свет во кој таа искрена љубов е правило, а не исклучок. И таму каде што сè уште има луѓе на кои можете да се потпрете. Свет во кој чувствувате како е да те почитуваат и да ги почитуваш другите.

Прегледи:
729
Објавено на:
06.11.2021