Категории

7 места во Европа која во зима се претвораат во бајка – со сигурност ќе сакате да ги посетите!

На оваа листа ги нема Парис, Рим ниту Виена. Доволно е да излезете од зоната на комфорот и да разгледате малку посеверно или појужно за да доживеете нешто сосема бајковито.

Местата на нашата листа во зима добиваат посебен шарм, а сигурни сме дека ќе им се допаднат дури и на оние кои не ја сакаат зимата.
Од 1997. година ова австриско место како од бајките се наоѓа на УНЕСКО списокот. Ова место е најубаво сред зима кога Салзбуршките планини ќе го прекријат со снег. Неколку пати е изгласано за едно од најубавие села во светот.

Се сеќавате на замокот од „Заспаната убавица“ во Дизниленд? Инспириран е од ова здание во Германија. Се наоѓа на југот на Баварска. Најубав е во текот на зимските денови, кога шумата е исшарана со снег.

Лето, во овој дел од Финскам сонце има 24 часа, но во зима Лапонија ја прекрива речиси целосна темнина. Веројатно токму тоа е најдобриот период за посета бидејќи ќе доживеете магичен поглед на поларната светлина која игра по небото. Јануари, февруари и март се најдобри месеци за да се види овој природен феномен. Спијте директно под поларната светлина, во стаклено игало во Какслаутанен арктичкиот ресорт и задолжително загрејте се во локалните сауни.
Некои делови од Андалузија се сместени јужно од африканските брегови, па во зима може да очекувате прилично високи температури. Сместувањето е поволно, а туристи нема во голем број како во летните месеци. Главна атракција – катедралата во Севиља. Исто така, не пропуштајте тапас и ноќниот живот во андалузиските возбудливи градови.
Уште сега во Мец сѐ е подготвено за празничната атмосфера. Во овој град се одржува еден од најубавите европски улични божиќни маркети, и тоа дури на шест градски плоштади. Погледнете ги ледените скулптури во Frozen Fairyland, а потоа загрејте ги рацете со греено вино. Тука е и прекрасната панорама која не смеете да ја пропуштите.
Салцбург во зима е местото во кое секоја магија е можна. Доколку сте го гледале филмот „The sound of music“, сигурни сме дека ќе ви се допадне истоимената тура. Посетете го родното место на музичкиот гениј Моцарт, а во близина е и преубавиот замок Hohensalcburg.
Готската архитектура и кочиите во Бриж ќе ве пренесат во некој друг свет. Магијата на овој необичен град се зголемува во текот на зимата. Стариот град, кој настанал 1300 година, во текот на празниците е украсен со најубави декорации. Шетајте по улиците со калдрма и задолжително со брод повозете се по каналот. 
Прегледи:
1080
Објавено на:
08.11.2021