Категории

Пушти ги оние кои не се сигурни дали сакаат да останат покрај тебе

Пушти ги луѓето кои само доаѓаат на поминување. Тие кои не се сигурни на која страна да заминат и каде нивното срце чука најсилно, па се малку тука и малку таму се додека не се одлучат. Секогаш те мерат на вага со некој друг. Пушти ги оние кои не се сигурни дали сакаат да останат покрај тебе, не врзувај се за нив затоа што сите тие порано или подоцна ќе заминат кога ќе им се пружи шанса.

Храброст е да ги пуштиш нештата кои го повредуваат твоето срце. Пушти ги оние случувања кои поминале, изгубените битки на кои постојано им се враќаш прашувајќи се дали нешто би се променило доколку си постапел поинаку.

Храброст е да ги пуштиш нештата кои го повредуваат твоето срце затоа што срцето лесно се навикнува па болката која траела во минатото ќе продолжи и во сегашноста. Дури и некој убав миг станува болен кога веќе го нема. Но тие ситници го прават нашето срце. Еднаш мораш да пресечеш и да започнеш ново поглавје во животот, да ја завртиш страницата и да почнеш од почеток. Се додека гледаме во минатите поглавја во книгата на нашиот живот ќе стоиме онаму каде што сме застанале.
Да тргнеме напред затоа што она што претстои е многу подобро од она што поминало.

 

 

 

 

 

 

Прегледи:
525
Објавено на:
08.11.2021