Категории

Целата вистина за Меган Маркл конечно излезе на виделина

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, тешко помина меѓу британските таблоиди кои го пренеле писмото што таа наводно му го испратила на нејзиниот татко Томас. За неа била напишана биографија наречена „Наоѓајќи ја слободата“, а војвотката секогаш тврдела дека таа не учествувала во пишувањето на делото.

Во својот последен пресврт, Џејсон Кнауф, поранешен асистент на војвотката, тврди дека од самиот почеток имала само една работа на ум – вниманието на јавноста. Меган Маркл тврди дека писмото што го испратила до Томас било приватно, „само за очите на нејзиниот татко“. Меѓутоа, Апелацискиот суд објави дека има докази дека Меган му рекла на својот помошник Кнауф, задолжен за комуникации, дека имала на ум „јавен увид кога му напишала писмо на татко ѝ“.

Исто така, нејзиниот поранешен соработник вели дека тесно соработувала со авторите на книгата „Наоѓајќи ја слободата“, биографија која започна нов бран откритија за заладените односи меѓу принцот Хари и Меган Маркл и кралското семејство. Делото им овозможи на читателите увид во животот и мислите на Меган и нејзиниот сопруг Хари. Тие се прикажани во позитивно светло, додека кралското семејство е означено како проблем што ги избркал надвор од границите на Велика Британија. Доколку се покаже дека Меган навистина учествувала во пишувањето на делото, тоа може дополнително да им наштети на веќе нарушените односи во семејството.

Самиот Хари го најави пишувањето на мемоарите во кои, како што вели, ќе ја открие вистината од негова гледна точка и ќе го наслика својот живот.

Војвотката успешно ги тужеше медиумите „Мејл он сандеј“ и „Мејл онлајн“ за објавување на дел од белешката, за што таа инсистира дека приватната кореспонденција била испратена до нејзиниот отуѓен татко откако тој доживеал срцев удар и не можел да присуствува на кралската венчавка.Адвокатите на британските медиуми сега тврдат дека доказите што може да ги презентира Џејсон Кнауф претставуваат пресврт во овој случај, што може да го поткопа кредибилитетот на Меган Маркл.

„Тоа е далеку од тоа да биде интимно писмо само за очите на нејзиниот татко. „Меган го напиша писмото знаејќи дека Томас може да им го открие на медиумите“, рече Кнауф.

Преселба во друг клан
Споменатиот Џејсон Кнауф сега работи за братот на Хари – принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт. Поради оваа причина, многумина веруваат дека тоа е саботажа од Вилијам и Кејт. Неговото сведочење пред судот затоа е доведено во прашање, но извори од палатата велат дека Кнауф е подготвен да ја сподели вистината со светот.

Татко тврди дека Хари и Меган прават се поради популарноста
Томас Маркл е на мислење дека неговата ќерка се откажала од семејството, заради славата, и дека сега го направила истото со Хари, принудувајќи го да се пресели во Калифорнија.

„Сосема јасно кажав дека ќе продолжам да се појавувам во медиумите додека не разговарам со неа. Ќе направам свое шоу ако успеам и на крајот, порано или подоцна, ќе почне да зборува со мене. Ова е премногу детско, некако глупаво, време е да разговараме еден со друг. Ние сме семејство“, рече тој.

Тој се осврна и на мемоарите напишани од неговиот зет, во кои најверојатно на виделина ќе извади разни пикантерии од кралската палата.

„Тоа е сурово. Да сака да ја навреди својата баба кралицата е смешна идеја. Тоа ќе го направи на жена која има 95 години само за пари“, изјави Томас.

Тој додаде дека и претходно се карал со Меган, најмногу поради интимноста што ја има со другите деца.

„Постојат неколку причини зошто таа ми беше лута во минатото, а едната беше што мислеше дека им обрнувам премногу внимание на нејзиниот полубрат и полусестра, сакаше да престанам да разговарам со нив, а јас не можев да го сторам тоа..”

Запрашан дали има некаква комуникација со поранешната сопруга Дорија Рагланд, тој рече дека неколку пати неуспешно се обидел да стапи во контакт со неа.

Прегледи:
594
Објавено на:
13.11.2021