Мартин Лутер Кинг бил борец за граѓански права во текот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век. Предводел ненасилни протести и се борел за правата на сите граѓани, без обзир на расата.
Прогласен е за еден од најдобрите говорници, а неговите цитати и говори и ден денес носат иста тежина и сила.
За љубовта:
„Темнината не може да ја истера темнината, само светлоста може да го направи тоа. Омразата не може да ја истера омразата, само љубовта може да го направи тоа.“
„Љубовта е единствена сила која непријателот може да го претвори во пријател.“
„Одлучив да се држам до љубовта. Омразата е преголем терет кој мора да се носи на рамениците.“
За вербата:
„Верба е кога ќе го направиш првиот чекор, иако не ги гледаш цели скали.“
„Мора да го прифатиме разочарувањето, но не смееме никогаш да ја напуштиме бескрајната надеж:“
„Да се биде христијан без молитва, е можно исто колку што е возможно да се биде жив без дишење.“
За животот:
„Постојано и најважно животно прашање е: Што правиш за другите?“
„Човек кој не е подготвен да умре за нешто, не е подготвен ни да живее.“
„Нашите животи почнуваат да завршуваат тогаш кога ќе почнеме да молчиме за важни работи.“
„Секогаш е вистинско време да се направи вистинската работа.“
„Ако не можеш да леташ-трчај, ако не можеш да трчаш- оди, ако не можеш да одиш – ползи, но што и да правиш мора да се движиш напред!“
„Не е најголема трагедија да се умре млад, туку да ја дочекаш 75-тата, а ништо да не си проживеал.“
„Лагата е како топка снег: колку подолго се тркала, станува сѐ поголема, но кога ќе застане – се топи.“