Светскиот ден на детето на 20. ноември се прославвува ширум светот. Оваа година поради пандемијата се создаде криза во поглед на правата на децата. Последиците по децата од оваа криза се моментални и ако не се работи на нивното отстранување, може да ги пратат цел живот. Време е да се соберат различни генерации и заедно повторно да ја осмислиме нашата заедничка иднина.
Што можеме да направиме?
УНИЦЕФ и партнерите ги повикуваат владите да го усвојат Планот од шест точки за заштита на секое дете:
1. Да се обезбеди сите деца да учат, што вклучува и затворање на дигиталниот јаз.
2. Загарантиран пристап кон здравствените услуги и соодветна исхрана, а вакцините да бидат подостапни за секое дете.
3. Поддршка и заштита на менталното здравје на децата и младите и спречување на злоставувањето, родно заснованото насилство и занемарувањето во детството.
4. Зголемување на пристапот на листа вода и санитација и занимавање со деградацијата на животната средина и климатските промени.
5. Прекинување на растот на сиромашни деца и обезбедување инклузивно опоравување за сите.
6. Да се дуплираат напорите за заштита и поддршка на децата и нивните семејства кои се погодени еколошки катастрофи или се раселени