Категории

Ова се најдобрите мотивациони книги кои ќе ви го променат животот

Писателите кои мотивираат и пишуваат за духовен развој и за подобар живот стануваат сè попопуларни, така што овие книги станаа вистински бестселери низ целиот свет.

Со оглед на тоа што живееме со брзо темпо и немаме време да издвоиме моменти за себе за да размислиме за постигнатите работи, овие книги се одличен избор. Тие се вистински сојузник за постигнување рамнотежа и хармонија во животот.

1. Внатрешно инженерство – Садгугуру

Оваа книга стана огромен хит по објавувањето. Учител, хуманитарец и активист Јаги Васудев, попознат како Садгугуру, е модерен јоги кој доживеал просветлување и сега им помага на милиони да го доживеат истото.

Садгугуру ни објаснува дека нашиот свет може да биде онаков како што сакаме ако применуваме јога техники. Мотивационите цитати се придружени со многу практични упатства.

Неговите пораки се кристално јасни, применливи и длабоко ќе ве продрмаат.

2. Опкружени со психопати – Томас Ериксон

Авторот на супер-популариот наслов „Опкружен со психопати“ се осмели да отиде чекор подалеку во длабочините на човечката психа. Во овој наслов, тој ја истражува темната страна на психата, која најчесто се манифестира со манипулативно однесување на психопатите. Иако овој термин нè плаши и нашата прва асоцијација е за некој сериски убиец, психопатите се насекаде околу нас и треба да ги држиме очите отворени, вели авторот.

3. Граници – Хенри Клауд и Џон Товнсенд

Дали чувствувате дека другите не ве почитуваат доволно и дека ве искористуваат? Дали сте исцрпени од премногу обврски на работа и во вашиот приватен живот? Можеби е време да научите да кажете не, со помош на оваа книга милиони луѓе си ги променија животите.

4. Будни во 5 – Робин Шарма

Шарма е еден од најпознатите „гуруа“ во модерното време. Со леснотија ги исполнува двораните каде им држи многу интересни предавања, кои произлегуваат од неговото богато животно искуство и книгите што ги има напишано. Во оваа книга, открива тајни за успешен и среќен живот.

5. Мудрост на волците – Ели Х. Радингер

Оваа магична книга во книжарниците пристигна неодамна, но веднаш нè освои. Волците се многу слични на луѓето. Всушност, тие можат да нè научат како да се станеме подобри. Ретка книга што треба да се прочита барем еднаш, затоа што носи фасцинантен увид во психологијата на социјалното уредување, како за волците, така и за луѓето.

Прегледи:
777
Објавено на:
24.11.2021