Среќната приказна наречена Еснаф слави две години постоење. Бренд изграден со многу љубов, труд и посветеност. За почетоците, трудот и новитетите, разговараме со Изабела Соколовска, сопственичката на Еснаф.
1. Што е „Еснаф“ и како дојде до идеја да создадеш една ваква приказна?
Како ракотворец, на патот да се изборам за свое место „под Сонцето“ се сретнав со многу искушенија. Искушенијата создаваат искуства, искуствота те учи како во подобра иднина.
Во душата чуствував повик да создадам нешто поинакво, нешто што ќе се одвојува од обичните продавници и ќе биде препознатливо.
Но, Еснаф не е само физичка и онлајн продавничка, Еснаф е завет за нешто поголемо од сите нас, нешто што ќе значи, што ќе гарантира, нешто што ќе има своја тежина. Еснаф е бренд кој го градиме со љубов, труд, посветеност и многу откажување, со надеж дека еден ден ќе биде симбол (бренд) за квалитет на разновидните македонски рачни творби, налик на Охридскиот бисер.
Замислете го мојот сон: еден ден, некој во Европа, Аљаска …Австралија ќе добие подарок од Еснаф и уште пред да го отвори ќе знае дека добил нешто единствено, оргинално, вредно и дека тоа потекнува од една мала преубава земја на Балканот.
2. Среќата ја среќаваме секојдневно во разни облици околу нас. Што е за тебе среќа?
Среќата е во доброто здравје, во љубовта, успехот, патувањата…. Во сите големи и мали нешта. Среќни сме кога имаме добри пријатели, убави дружби и прослави. Среќни сме кога добиваме подароци, но најсреќни сме кога ние подаруваме и ги радуваме драгите луѓе.
„Уметност е да се прими подарок“ мудрост која ни ја сподели еден наш учител. Не одбивајте го подарокот, не велете „не требало“, скапо е, зошто си се трошел?”. Прифатете го со благодарност затоа што некој се потрудил да ви раскаже приказна преку него.
Подарувањето пак е создавање на „врвна уметност“. Кога подаруваме ние испраќаме порака до личноста. Ја покажуваме нашата љубов, среќа, грижа, добра намера. Избраниот подарок е знак дека сме се потрудиле да ја запознаеме личноста за која купуваме и да ги „слушнеме“ нејзините скриени желби. Едноставно да допреме до драгата личност и да ја усреќиме со „совршен подарок“.
3. Како Еснаф шири среќа?
Еснаф ја има палетата на која се измешани боите за создавање „врвна уметност“.
Потрагата по совршен подарок завршува во моментот кога ќе влезете во Еснаф. Тука секое дело раскажува волшебна приказна, кoja освојува на прв поглед и вие знаете за кој херој или хероина од вашиот живот е создадена. Тимот на Еснаф е секогаш тука да асистира во изборот и пакувањето на „среќната приказна“.
Воодушевувањето на посетителите, нивното повторно враќање, љубопитните посети на оние што добиле подарок од Еснаф, посетите од нивните пријатели што ја чуле нашата приказна и сакаат да видат какви се дела нудиме се доказ дека брендот Еснаф е на добар пат во остварувањето на својата мисија да шириме среќа.
4. Еснаф слави две години постоење?
Во ноември Еснаф слави две години постоење. Како и секој почеток и нашиот беше исполнет со предизвици, проблеми, успеси и падови. Но така е со секоја приказна што се развива и се труди да успее на долги патишта. Ние сме горди на секоја препрека што успешно сме ја надминале и на секое искуство што трнливо сме го стекнале. Визијата за раст и долговечен успех на брендот Еснаф не води напред и секој успех помал или поголем е мотив и инспирација да продолжиме.
5. Што има ново во Еснаф?
Новитет во Еснаф е кампањата „Отвори за Среќа“.
Замислете дека на вашата адреса добивате кутија и рачно напишана порака од драга личност, пријател, таен обожавател. Магична кутија која во себе ја собрала љубовта и среќата што некој сака да ви ја подари. Возбудата е голема, среќата се гледа на вашето лице додека го отварате подарокот. Не постои поубаво лице од среќното лице и не постои посреќен човек од оној кој успеал да усреќи друг. Доколку сакате да усреќувате само треба да ја изберете „приказната“ што ќе ја спакуваме.
6. Кој најчесто купува од Еснаф?
Во Еснаф купуваа луѓе кои размислуваат надвор од рамката, кои сакаат да подарат пред се љубов, а потоа предмет. Тоа се најчесто луѓе со изграден стил, кои бегаат од униформираноста.
Посебно сме радосни што многу компании се веќе опшествено одговорни и ја согледуваат мисијата и вредноста на брендот Еснаф. Тие не се двоумат да на своите вработени, колеги или соработници им подарат уникатни парчиња од Еснаф. Во договор со нив секој подарок може да биде персонализиран и точно наменет за личноста на која се подарува. Тоа е и бенефитот на Еснаф.
Тука се туристите кои сакаат да понесат оргинални спомени од Македонија , како и странските преставници (претставништва) кои ја разбираат вредноста на рачната творба и ја обожаваат.
И најважните за нас- љубителите на уникатни рачни изработки.