Категории

Можеби можеш да сокриеш многу емоции, но љубовта никогаш!

Љубовта многу лесно може да се препознае, дури и ако некој се труди да не го покаже тоа. Дури и да стојат еден до друг во гужва, или да седат во бар на маса без да се допираат и без да искажуваат љубов со поглед. Можат да говорат или да молчат. Но, љубовта е очигледна.

Околу заљубениот пар се формира меур во кој се тие двајца. Само тие двајца, дури и сред кавга.

Невидлива проѕирна школка го раздвојува парот од остатокот од светот. Невидлив облак ги обвива заљубените. А остатокот од светот станува позадина. Целиот свет со сите звуци, движења, радости и таги е позадина, само сценарио.

Тие имаат личен свет. Имаат своја температура, своја клима, свој јазик и своја тишина. И ништо не може да ги повреди или погоди додека се во својот простор, внатре во својот меур.

Ова е заедничко поле. Кога се близу, се создава заедничко поле полно се енергија. Тоа е она што чини еден „пар“ како близнаци во матката на мајката, тоа е љубов во магичен меур од енергија.

Тие се секогаш и секаде заедно, дури и кога не се допираат. Во свој свет, свој простор, кој мора да се заземе со цела снага. Оваа школка сака, создава дом, прибежиште и љубов…

 

 

 

Анна Кирјанова

Прегледи:
526
Објавено на:
29.11.2021