Категории

Негувајте ја кожата во зима: 3 домашни маски за лице совршени за секој тип на кожа

Да се има блескава, здрава и сјајна кожа е навистина тешко бидејќи бара доста деликатна нега особено во студениот период кога кожата станува дехидрирана и ја губи својата еластичност и сјај.

Ова особено го знаат оние кои имаат сува кожа, а за таа цел ние ви споделуваме 3 домашни маски кои можете да ги практикувате неколку пати во неделата со цел да и ја обезбедите потребната хидратација и прехрана на вашата кожа за таа да изгледа здраво и свежо.

ДОМАШНА МАСКА СО ШЕЌЕР И ЛИМОН
Потребно ви е:
-1 супена лажица шеќер
-1 супена лажица свежо исцеден сок од лимон
Измешајте ги двете состојки и нанесете ги на лицето, нежно масирајте со кружни движења, потоа благо масирајте во кожата 10-15 минути. За крај исплакнете со млака вода.

ДОМАШНА МАСКА СО КРАСТАВИЦА И АЛОЕ ВЕРА
Потребно ви е:
– Половина краставица
-1 супена лажица гел од растение алое вера
Излупете ја краставицата и исечкајте ја на ситни парчиња, додадете го гелот од алое вера и мешајте додека да добиете хомогена смеса. Нанесете ја на чисто лице но избегнувајте го пределот околу очите. Оставете да делува 30 минути, исплакнете со студена вода.

ДОМАШНА МАСКА ОД ЈАЈЦА И МЕД
Потребно ви е:
-1 супена лажица мед
-1 јајце
Додадете ги двете состојки во сад и добро измешајте ги додека да добиете единечна смеса. Оставете ја на лицето да делува 15 минути, исплакнете со млака вода.

Прегледи:
766
Објавено на:
08.12.2021