Категории

ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ПОДЕЛЕНИ БИОРАЗГРАДЛИВИ ТОРБИ ВО НАСЕЛБАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ!

Веднаш штом стапи во сила обврската за наплата на пластични кеси од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, компанијата Mozzart започна голема еко акција.

Заштитата на животната средина и екологијата се еден од приоритетите во општествено одговорното работење на компанијата Mozzart. Веднаш штом стапи во сила обврската за наплата на пластични кеси од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, регионалниот лидер во приредување игри на среќа започна голема акција за поделба на биоразградливи торби!

Жителите на населбата Ѓорче Петров овој викенд беа пречекани со изненадување – на пат кон пазарот добија еко торби за пазарење кои ќе можат да ги користат наместо кеси.

“Одличен подарок е, торбата убаво изгледа и многу е погодна за секојдневно пазарење. Се случува да заборавам да понесам торба, а не сакам да купувам пластични кеси кои се штетни за природата, па оваа торба навистина добро ќе ми дојде.” – рече Јулија од Скопје, која често го посетува овој пазар.

Акцијата ќе продолжи и наредните недели на градските пазари и на останати прометни места, а вкупно ќе бидат доделени околу 2.000 еколошки торби за пазарање!

“Преку низа општествено одговорни акции, се трудиме да ја подигнеме свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина. Пластичните кеси се многу штетни за околината, додека платнените торби за пазарење се одлична алтернатива. Затоа одлучивме на нашите сограѓани да им ги поделиме овие подароци, веруваме дека ќе им бидат од голема корист.” – нагласи Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.

Од регионалниот лидер најавуваат дека и во наредниот период ќе организираат акции кои ќе бидат насочени кон зачувување на животната средина и разубавување на нашата зедница.