Нашиот предлог за денешниот ручек!
Состојки:
300 гр печурки
1 главица кромид
1 рендан морков
1 рендан пашканат
100 гр ориз
Зачини, масло и вода.
Подготовка:
Оризот добро измијте го па оставете го во вода околу еден час. Во тавче запржете го кромидот со малку масло. Додадете го ренданиот морков и пашканатот. Додадете ги и печурките ситно сечкани. По десетина минути, додадете го процедениот ориз. Промешајте, додадете зачини и налијте вода. Нека крчка околу 15 минути. Јадете го топло!