Категории

Полниот џеб е само илузија – Само нечија блискост може да даде чувство на исполнетост и топлина

Доаѓаат денови кога најмногу ни недостасуваат оние кои не се со нас. Со нив научивме да сонуваме, да сакаме, да сочувствуваме, да даваме, да почитуваме, да живееме. Не научија дека секогаш кога ни е тешко ја ставаме раката на срцето и наоѓаме една причина зошто можеме да бидеме среќни и благодарни. Живи сме и здрави и тоа не е мала работа. И сфаќаме дека фактот што ни се полни раце, а домот ни е топол е всушност само илузија. Затоа што само нечија блискост може да даде чувство на исполнетост и чувство на топлина.

Тоа се денови кога не сакаме ништо да оставиме за утре. Затоа што живееме денес. Луѓето ни посакуваат здравје и среќа, а ние возвраќаме добри желби. И знаеме дека се што ни треба е малку мир, човечка топлина. Чувство дека некој се грижи за нас. Сознанието дека секогаш можеме да сметаме на некого. Доаѓаат денови кога гледаме напред и назад во исто време. И целиот наш живот го гледаме во тој момент, момент на надеж, верба и љубов.

Прегледи:
591
Објавено на:
25.12.2021