Категории

Можеби имавме помалку, но чувствувавме повеќе, се радувавме повеќе, живеевме повеќе!

Порано повеќе се радувавме, повеќе сонуваме, повеќе се чувствувавме, а имавме помалку. Денес, за жал, е токму спротивното. Имаме многу, а малку радост, уште помалку соништа, а најмалку чувства. Сè е некако тажно и пусто. И се прашувам дали се работи за некои други времиња или само за некои други ние? Полни раце, без радост, затворени во своите ѕидови. Погледи спуштени кон мобилните телефони. И ние мислиме дека сме врвот на цивилизацијата, а ние всушност само што се вративме назад.

Како да имаше повеќе среќни моменти и насмеани лица, неизвалкана искреност. И покрај подемите и падовите, научивме да живееме во реалниот живот, а не на дигитална платформа. Се тркалаавме во калта, доаѓаавме дома вечерта со многу модринки. И секое утро почнувааше се од почеток. Не знаевме за депресија или некоја друга болест. Но, знаевме дека секогаш треба да се враќа подадената рака. И да се насмевме кога некој ќе ни се насмевне.

Прегледи:
392
Објавено на:
26.12.2021