Може да се чувствувате како победник секое утро. Што продолживте понатаму кога сакавте да се откажете. Се изборивте кога не сакавте да одите понатаму. И сега гледате како по новата можност што ја добивте следи уште една нова. А она што синоќа изгледаше како крај, денес изгледа како нов почеток. Едно е сигурно, порано или подоцна се требаше да се распадне, за да се создаде нешто ново. Тоа се случува за да составиме подобра, поупорна, посилна верзија.
Малку сонце и денес може да направи чуда. Создадете убавина како ниедна друга. И нема смисла секоја твоја втора реченица да биде „Животот е тежок“. Наместо тоа, кажи: „Јас сум силен и ќе се борам.“ Оставете ги зад себе ударите и разочарувањата од вчера. Вашата иднина е нераскажана приказна и не користете ги старите излитени фрази за да ја раскажете. Земете длабок здив и излезете надвор. Не е лесно, но срцето има начин да помине низ секоја бура, така ќе биде и со оваа. И каков и да е живиот, ќе биде живот со кој ќе се гордеете еден ден.