Категории

СТРЕЛЕЦ – Годишен хороскоп за 2022 година

Оваа година ви носи моќ и авторитет.

Годината пред нас дефинитивно ќе им оди од рака на претставниците на хороскопскиот знак Стрелец, особено кога станува збор за финансиите!

Веќе во јануари, Марс преминува во вашиот знак и ги подига финансиите на ново ниво. Од февруари па сѐ до јуни, ќе се забележат резултатите од вашата работа, а вие ќе уживате во плодовите кои ќе успеете да ги донесете. Оваа година ќе ги надмине вашите очекувања!

Љубов

Годишниот хороскоп за 2022 година не предвидува значајни промени на љубовно поле. Ќе поминувате многу време вашата втора половина. Емотивниот живот ќе биде добар, бидејќи оваа година ви носи моќ и авторитет, но и романса и хармонични семејни односи. Совет за вас е пред секоја голема одлука да размислите. Ако не сте во брак, февруари и март се идеални за тоа.

Работа

Кога станува збор за кариерата, ова ќе биде просечна година. Избегнувајте големи вложувања, не е време за тоа. Прифатете ја помошта на постарите колеги, од нив може многу да научите. Работите се поправаат во април, кој е одличен месец за нови деловни партнерства или започнување мал но исплатлив бизнис.

Пари

Почетокот на годината носи нестабилна финансиска ситуација, но Сатурн во вашата втора куќа ветува подобрување веќе во февруари. Продолжете да штедите и паметно да вложувате и ситуацијата сигурно ќе се поправи. Отворена е шанса за наследство, веројатно некој имот. Парите ќе ги трошите на семејството. Бидете внимателни со било какви ризични вложувања.

Семејство

Вашето семејство оваа година се шири, без разлика дали станува збор за принова или венчавка која ќе спои две семејства. Нови и необични искуства ќе ве научат на важни лекции. Изненадувањата пристигнуваат од страна на децата или партнерот, а тоа ќе ви помогне да излезете од монотонијата во која сте веќе некое време. Кога станува збор за семејните односи, бидете флексибилни, ако сакате односите да останат добри.

Здравје

Поради активниот социјален живот и бројните обврски, немате време да и се посветите на правилната исхрана, што може да се одрази врз здравјето. Не бидете толку безгрижни, посветете му се на здравјето. Можни се проблеми со стомакот.

Прегледи:
1001
Објавено на:
27.12.2021