Категории

Среќата не е ни на село, ни во град, ни на планина ни на асфалт. Среќата е во вашата глава!

Болеста не доаѓа поради тоа што ни е лоша екологијата, водата нечиста и користиме многу пластика. Дали ќе се разболете не зависи од тоа дали живеете на село или во град. Верувајте ми, човечкото тело е неверојатна машина способна да се прилагоди на било кои услови и било која храна.

Селаните не можат да ја поднесат храната во прав, флашираната вода и да го дишат градскиот воздух. Но, не затоа што сето тоа е нечисто и нездраво, туку затоа што е поинакво. Затоа што нивното тело не е навикнато на тоа.

Исто така, луѓето кои израснале во град не се прилагодуваат лесно на селските услови – поинакви временски услови, домашна храна, а од надморската височина и атмосферскиот притисок не им е добро.

Ако личноста живее во хармонија со природата, се моли или медитира, јаде исклучиво природна храна, не значи дека ќе живее сто години и ќе умре здрав. Дали знаете колку пријатели досега сум погребала, кои воделе здрав начин на живот? Поголемиот дел од нив биле атлети, доктори и луѓе кои се труделе да работат на својот духовен развој. Непушачи, не пиеле алкохол, но сепак умреа од рак.

Можеби никогаш нема да сфатите зошто болестите доаѓаат, но знајте дека нема да ги избегнете држејќи диета, вежбајќи до изнемоштеност и размислувајќи дали сте згрешиле на некои од овие полиња. Проблемот е во тоа што болеста не започнува во телото, туку во главата.

Затоа, научи сѐ да правиш со задоволство! Научи која храна ти одговара, не што е здраво, туку што прифаќа твоето тело. Тоа ви дава самото одговор кога ќе го наполните со некоја храна. Остави ја работата која те прави несреќен секој ден. Тргни се од социјалните мрежи и создавањето некоја лажна слика за среќа на нив која само ти создава стрес, а нема врска со реалниот живот.

А сега ќе ви ја откријам најважната животна тајна и смислата на животот: Тоа не постои.

Тоа е едноставно живот. Утро, пладне, вечер и ноќ и повторно во круг. Тука е планетата, луѓето, флора, фауна. Празници и работни денови. Среќа и проблеми. Тука е и смртта. И таа доаѓа во било кое време, во било кои години.

Дали навистина имате време да ги живеете туѓите соништа, засновани врз туѓите вредности и норми? Животот е дар и мора да го цените, а најмногу ќе го цените ако го поминете среќни.

Ве молам, не заборавајте: Среќата не е ни на село, ни во град, ниту на планина, ни на асфалт. Среќата е во вашата глава. Живеј онака како сакаш, не ја споредувај својата среќа со другите. Никој нема да ја разбере твојата среќа, како што ни ти не ја разбираш туѓата. И кога не би ги споредувале среќата, религијата, вредности, не би постоеле ни проблеми, војни, неволји, несреќи…

Прегледи:
417
Објавено на:
04.01.2022