Младата месечина во Јарец од 2 јануари нè поттикнува да донесеме цврсти одлуки за работите што сакаме да ги промениме. За да не пропаднат одлуките, да се потсетиме дека реализацијата на тие одлуки не е спринт туку маратон што ќе го трчаме цела година.
Јарецот, Девицата и Бикот имаат многу енергија и желба за движење, патување и забава. Дури и ако треба да останете на работа, ќе бидете многу опуштени со обврските.
Но, за Овенот, Лавот и Стрелецот деловната година започнува динамично. За среќа, ги сакате предизвиците и возбудувањата, а брзиот развој на ситуацијата носи задоволство. Близнаците и Водолијата треба да штедат енергија правејќи го само она што е потребно. Ракот и Вагата се чувствуваат помалку искористени, како повеќето од задачите да треба сами да ги извршуваат.
Без разлика дали се работи за работа, брак или семејни обврски, борете се за поинаква организација. Доколку сте упорни и останете смирени, нема да има отпор од другата страна. За Рибите и Скорпијата би било добро да ги обноват пријателствата и социјалните контакти. Во текот на годината ќе ви бидат голема поддршка секогаш кога ќе се појави пречка која не можете сами да ја решите.
Со полна месечина во Рак на 17 јануари, нашите срца се полни со светлина, исто како големото и светло лице на Месечината. Подготвени сме да помогнеме, да се бориме за оние што ги сакаме и да останеме верни на желбите на нашето срце. Сакаме да поминуваме повеќе време дома, а спомените не прават посилни. Имаме тенденција да ги третираме сите несигурности со храна. Ракот, Јарецот и Рибите се хранат со чувството на сигурност што го обезбедува стабилното партнерство. Осамените се чувствуваат добро во сопственото друштво, а доколку сакаат, се отвора можност за нова, интересна врска.
Овенот, Лавот и Стрелецот од остар деловен почеток го забавуваат работниот ритам со чувство дека се е под контрола. Одвојте повеќе време за семејниот живот и одмор. Вагите, Близнаците и Водолијата, секогаш љубопитни и спремни за дружење, треба да останат во некој вид на хибернација. Свесни се што значи тоа – помалку е повеќе, бидејќи конечно можат да се фокусираат само на себе.
Бикот, Девицата и Шкорпијата ги преиспитуваат своите верувања и се отвораат за учење нешто ново. Упорни и тврдоглави во ставовите, подготвени се да го променат мислењето. Нема ништо лошо во тоа се додека ширите позитивна енергија, љубов и толеранција околу себе.