Децата растат брзо а колку родителството понекогаш да е напорна работа, тоа растење обично најтешко им паѓа на родителите. Поради тоа тие настојуваат да ги забележат оние најзначајни мигови во животот на своите деца.
Меѓутоа еден татко од Тајван има сопствен начин на кој го забележува одгледувањето на своето дете
„Работам како самостоен уметник од 1999 година. Ја започнав оваа серија веднаш по раѓањето на моето дете во 2014 година. Кога имате дете, многу нешта се случуваат неочекувано. Но кога почнав да ги цртам сите овие изненадувачки мигови кои ги поминавме заедно, не мислев дека реакциите ќе бидат толку позитивни.“
Тој вели дека набрзина ги завршува сите илустрации затоа што секогаш внимава на својот син па нема многу слободно време.
„Се надевам дека моето дете може да израсне во сигурно и здраво окружување. Се плашам дека ќе стане хулиган или било што што може да се случи попат. Затоа секогаш се трудам да бидам покрај него додека расте и да му помагам колку што можам.“