Категории

Вечерва е Волчја Месечина: Овие 4 знаци ги очекуваат големи промени!

Првата полна Месечина во 2022 година ќе се случи помеѓу 17 и 18 јануари, а позната е како Волчја Месечина, поради старите верувања дека во овој период се слуша завивање на волците поради глад во студените, зимски месеци.

Овој период ќе биде обоен со изразени емоции и чувствителност, што не ни чудо со обзир на тоа дека доаѓа во Рак. Полната месечина ќе влијае врз сите знаци, а посебно на овие 4:

ОВЕН

Ова е период во кој повеќе од било кога ќе чувствувате носталгија, а ќе се присетите и на тешките моменти во минатото. Обидете се да не потонете во тага, туку преиспитајте ја својата сегашност – од што треба да се ослободите и кој е тој терет од минатото кој не ви дозволува да напредувате? Ослободете го својот животен простор за она што навистина го сакате и што ве прави среќни.

РАК

Ова е период во кој конечно ќе се одморите од грижата за другите и ќе се посветите на себе! Полната Месечина ќе ви донесе самосвест и ќе ги засили вашите уверувања и самодоверба. Затоа, не е момент да се сомневате во себе или да чувствувате вина, сѐ што емитувате овие денови двојно ќе биде зголемено.

ЛАВ

Обожавате забава, но овој пат полната Месечина ќе бара од вас да бидете сериозно и да ги преиспитате емоциите и чувствата. Дозволете си себеси да бидете нежни и „меки“, не ги кријте своите емоции. на вашиот емотивен дел му е потребно внимание.

СТРЕЛЕЦ

Овој период ќе го одбележи голема гужва и многу обврски во вашиот живот. Во сето тоа лудило мора да пронајдете време да ги наполните батериите и да се опуштите. Оваа полна Месечина од вас бара да застанете и да издвоите малку време за размислување. Фокусирајте се на сѐ што сакате да промените кај себе и почнете конечно да работите на тоа.

Прегледи:
448
Објавено на:
17.01.2022