На една жена и се обратил ангелот: – Сакаш да ти го покажам твојот живот?
– Сакам, – рекла жената.
Ангелот ја подигнал над земјата и жената го погледнала својот живот и покрај своите видела уште еден пар траги.
– Кој е овој овој покрај мене?
– Тоа сум јас, – одговорил ангелот. – Те пратам цел живот.
– А зошто понекогаш се гледа само една трага?
– А, тоа се најтешките периоди во животот, – одговорил ангелот.
– И што? Ме оставаше сама во најтешките моменти? Како можеше да ме оставиш? – го запрашала огорчената жена.
– Не, тогаш те носев на рацете, – тивко одговорил ангелот…