Пабло Неруда зад себе остави вистинско богатство преточено во најубави зборови. Ве потсетуваме на некои од неговите најубави цитати.
„Љубовта е силна како смрт.“
„Парите се единственото апсолутно добро бидејќи не задоволуваат само една потреба туку потребата воопшто.“
„Кој не знае ништо мора да верува во сѐ.“
„Љубовта е толку кратка, а заборавот толку бескраен.“
„Слободата постои само кога љубовта е присутна, оној кој сака со целата своја душа, се чувствува слободен.“
„Забрането е да истераш некој со кого не си се смирил, да ги заборавиш неговите очи и насмевка.“
„Многу води не можат да ја изгаснат љубовта, ниту реки да ја потопат.“
„Забрането е да се плаче без поука, да се разбудиш, а да не знаеш што да правиш со себе, да се плашиш од сопствените спомени.“
„Двајца среќни љубовници немаат крај ни смрт, се раѓаат и умираат повеќе пати додека живеат, ја имаат вечноста на природата.“
„Ако ништо не нѐ спасува од смрт, барем љубовта би требала да нѐ спаси од животот.“
„Не сум љубоморен на она што било пред мене. Дојди со човек на рамениците, дојди со стотина мажи во косата, дојди со илјада мажи помеѓу градите и нозете, дојди како река полна со давеници која тече до дивото море, до Времето! Доведете ги сите таму каде што ве чекам секогаш ќе бидеме сами, секогаш ќе бидеме ти и јас сами на земјата, да започнеме свој живот!
„Само огромното трпение ќе доведе до постигнување на прекрасна среќа.“
„Можете да ги искинете сите цвеќиња, но не можете да го спречите доаѓањето на пролетта.“