Категории

Уживајте во животот! Прегрнете го со двете раце!

Уживајте во животот! Прегрнете го со двете раце, стиснете го, протресете го и ценете ја секоја секунда.

 

Сакајте ги своите деца. Вие навистина не знаете каква среќа е наутро да ги терате за побрзаат да ги измијат забите. Прегрнете ги своите најмили и ако не можат да ве прегрнат, најдете некој кој може. Секој заслужува љубов и возвратени емоции. Не прифаќајте ништо помалку од тоа.

Најдете работа која ќе ви донесе радост и не бидете нејзини робови. „Би сакал да работев повеќе“ не е нешто што ќе биде напишано на вашиот гроб.

Танцувајте, смејте се и јадете со пријателите. Вистинското, силно и искрено пријателство е апсолутна среќа и нешто што можеме самите да го избереме. Внимателно, многу внимателно бирајте ги своите пријатели, буквално како да барате богатство.

Опкружете се со убави нешта. Животот е преполн со тага и болка – но пронајдете го своето виножито и не му дозволувајте да замине. Убавината ја има во сѐ, само треба малку повнимателно да гледате за да ја забележите.

Прегледи:
464
Објавено на:
28.01.2022