Секоја вечер си велам: Сè уште има живот во мене. Има уште толку многу во животот да се надеваш и да веруваш, дека најдоброто од животот допрва доаѓа. И дека сите овие бури низ кои поминав всушност ми беа потребни. Да растам, созревам, и да станам подобра личност. И се чинеше дека им нема крај и ќе траат вечно. Но, на сите лоши работи му доаѓа крајот. Доброто доаѓа. Всушност, на сето тоа му доаѓа крајот. Значи на крајот ни е жал што толку малку живеевме. Што бевме премногу исплашени и се соменвавме во се.
Секоја вечер си велам: Сè уште има живот во мене. Сите битки еден ден ќе стивнат, и ќе бидат добиени. И оние битки со она што го мислиме и чувствуваме, битки со она што сме и она што сакаме да бидеме. Секој ден носи нова надеж за сите нив. Доволно силна да разгори жар да поверуваме дека утре има уште шанси да биде малку подобро.