Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2 МАРТ 2022 ГОДИНА

ОВЕН

Вашето внимание е доста расеано, можно е да сте чудно расположени и на ваков ден лесно да заборавите на некои многу важни луѓе. Запишете што треба да направите! Во емотивниот сегмент има голема потреба од сакана личност. Едвај чекате средба која ќе биде многу интензивна.

БИК
Сами отворете го патот за напредок, искористете го сето она што ви се нуди. Односите со соработниците ќе бидат стимулативни, а вашата способност за логични заклучоци ќе биде одлична. Љубовните проблеми се се помали, па полесно ќе се свртите кон иднината и ќе ги продлабочите постоечките познанства. Доколку се најдете во друштво, сите ќе бидат воодушевени од вашата смисла за хумор.

БЛИЗНАЦИ
Денес веројатно не можете да ги „фатите“ промените во вашето расположение. Одвреме-навреме ќе постапувате така што другите ќе се прашуваат дали можат да се потпрат на вашите ветувања. Во голема мера сте фокусирани на емотивниот сегмент, интензивно размислувате за една личност. Ве потресува страста.

РАК
Одлично време е да ги започнете вашите планови во поголема мера, бидејќи денес тоа може да се реализира. Имате голема поддршка од колегите и можете да се потпрете на нив. Она што следи е контакт со некој кој ќе ви затрепери срцето за миг. Голема желба за авантура, интензитет и страст.

ЛАВ
Ќе бидете окупирани од голем број на обврски кои некако сте ги оттргнале на страна во претходниот период. Можете да се извлечете од сето ова, но ќе мора да бидете посветени, а можеби ќе треба да побарате помош од колегите. Имате премалку време да се посветите на саканата личност, а исто така се чувствувате прилично исцрпено.

ДЕВИЦА
Може да пропуштите некои навистина добри можности ако чекате премногу долго или се двоумите кога донесувате одлуки. Од друга страна, се плашите од неуспех и тоа ве спречува да се „пуштите“. Обидете се да најдете внатрешна рамнотежа. Добра комуникација со некој што го доживувате како личност со слични мисли како вашите.

ВАГА
Некои напнати ситуации и тензии во деловниот сегмент нема директно да влијаат на вас, освен што ќе имате нешто поголем број на обврски од вообичаеното. Во емотивниот сегмент имате големи желби, но од друга страна – очекувате другата страна да преземе иницијатива и да се вклучи.

ШКОРПИЈА
Имате повеќе од доволно енергија за секого, а ќе ви треба во текот на овој ден. Ќе мора да истрчате некои работи на вашите мускули, што ве нервира, но сфаќате дека поинаков начин сега е невозможен. Денес сте прилично опсесивни и љубоморни. Не ја стискајте премногу саканата личност.

СТРЕЛЕЦ
Не вложувајте пари непромислено, планирајте и консултирајте се со релевантни луѓе. Можен е конфликт со роднина или пријател, најверојатно поради паричен долг. По слободното ќе следи средба со личност која ќе ги сокрие своите слабости, и ќе се претстави посилен отколку што навистина е. Внимателно дајте ѝ до знаење дека не мора да глуми пред вас.

ЈАРЕЦ
Планетарните влијанија ја зголемуваат наклонетоста кон околината, затоа слушајте што сакаат другите да ви кажат. Ќе бидете во подобра психофизичка форма, задоволни од изгледот и впечатокот што го оставате кај другите. Успешно ќе се опоравите од некои тешкотии и ќе почувствувате зголемување на оптимизмот и самодовербата. Телефонски повик со сочувство ќе има релаксирачки ефект врз вас.

ВОДОЛИЈА
Ве очекува многу работа, состаноци, но и расправии. Деловните проблеми ќе се испреплетат со домувањето, па обидете се да ги решавате еден по еден. Бидете собрани и опкружени со доверливи соработници. Она што не ве ослабува сега ќе ве направи посилни во можеби поважни работи од она што се случува сега.

РИБИ
Ќе се истакнете и ќе ја преземете водечката улога во креирањето на приватни и деловни обврски. Огромната енергија повремено ќе се претвори во раздразливост, па со некои постапки би можеле да ги иритирате блиските луѓе. Љубовните проблеми може да настанат поради вашата изразена гордост. Не работете против вашите чувства, а со тоа и против себе.

Прегледи:
703
Објавено на:
01.03.2022