Категории

Мали промени во бојата на косата кои ќе направат да изгледате помладо

Бојата на косата игра голема улога во нашиот изглед, може да додава и одзема години, па затоа треба да го направиме најдобриот избор.

Без разлика дали сте русокоса, бринета или црвенокоса, една рамна боја не ви прави услуга ако се обидувате да изгледате помладо. Младешкиот сјај можете да го разбудите со додавање топли прамени коса, особено околу лицето. Нивната боја ќе зависи од тоа дали сте бринета, русокоса или црвенокоса.

Карамел нишки за бринети
Ако сте бринета, додавањето карамела е најдобриот и најлесниот начин да изгледате помладо. Ќе ги „омекне“ цртите на лицето и ќе и даде на косата визуелно поголем волумен. Се што треба да направите е да го врамите лицето со неколку полесни промени и веќе ќе добиете голема промена.

Додавање златни тонови за русокоси
Шампањ русокоса е уште една нијанса која ќе ви помогне да изгледате помлади. Платинесто русокосата можеби е ладна боја за лето, но не секој е поласкан во текот на целата година. Додавањето потопли и жолти прамени на руса коса може да ја надополни природната руса коса. Оваа нијанса не е толку остра, а на лицето ќе му даде илузија на исполнетост.

Прегледи:
588
Објавено на:
25.03.2022