Принцезата Кејт Мидлтон моментално е со својот сопруг, принцот Вилијам, во кралска посета на Јамајка по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.
Секое појавување на принцезата внимателно се следи, а стајлинзите кои таа ги избира привлекуваат големо внимание. Кејт сега со стил и оддаде почит на земјата домаќин, Јамајка.
За настанот, Кејт носеше блескав долг зелен фустан од Џени Пакам, британска модна дизајнерка, оддавајќи почит на бојата на знамето на Јамајка. Овој пат таа се одлучи за вистински фустан за принцеза, кој е потесен на половината, а потоа се проширува во А крој.
Косата ја стилизираше во шик подигната пунџа и го комплетираше изгледот со смарагд накит кои кралицата и ги позајми. Носеше и посебни ознаки, Големиот крст на кралицата Викторија и знакот на редот на кралското семејство, кои се резервирани за официјални кралски прилики како државни вечери и банкети.
Ќе видиме што уште подготвила Кејт за крајот на кралската турнеја.