Категории

Вообичаени навики при миењето на косата кои ја оштетуваат и ја прават кршлива

Косата може да биде толку чувствителна што она што не го очекуваме може да ја направи кршлива. Во овој случај, зборуваме за притисокот на водата што доаѓа од тушот и неговата температура.

Миење на косата
Ако имате силен млаз вода што стигнува до косата, тоа е форма на физички стрес – со текот на времето може да доведе до сувост и иритација на скалпот, како и до пукање на косата. Се разбира, можеби е убаво да се има таков притисок на грбот и рамената, но косата е многу почувствителна.

Кога станува збор за температурата, познато е дека топлата вода ја суши кожата така што ја „зема“ влагата од кожата.

Топлата вода има способност да ги отстранува заштитните масла и липиди од кожата; на скалпот, што доведува до суви лушпи или мрсна коса, бидејќи скалпот може да произведе уште повеќе масло за да го компензира недостатокот на влага.

Како да го решиме ова?

Ако мислите дека притисокот на водата ви е преголем за вашиот скалп, обидете се да ја замените главата за туширање со онаа која има помека поставка налик на дожд. Фризерите препорачуваат додека ја миете косата да ја навалите главата наопаку за да не паѓа млазот за туширање секогаш на едно место.

Дополнително, намалете ја топлината или, доколку тоа не ви одговара, намалете го времето за туширање, за вашиот скалп да не биде предолго изложен на високи температури.

Прегледи:
542
Објавено на:
10.04.2022