„И ќе помине.“
Баба ми ме научи на овие зборови, ми ги всади како нешто што треба да се применува во секоја прилика од животот.
Кога сè станува незамисливо страшно, кога сè се претвора во страшен пекол; кога сè е совршено и убаво и прекрасно и полно со среќа – кажете си ги овие зборови.
Ќе ви помогне да видите сè во вистинско светло и да го искористите она што е добро на најдобар начин, а што е тешко да се поднесе трпеливо и силно.