Категории

Предолгото седење и здравјето – Како да останете витални и во најдобра форма

Предолго седење и здравјето итоа како се поврзани, но на негативен начин. Еве кои се последиците од долгото седење и како да ги намалите.

За жал, повеќето од нас вршат канцелариска работа која бара седечка положба поголемиот дел од времето. Покрај тоа, ретко се сеќаваме да ги „истегнеме“ нозете во тие осум (или повеќе) часа. Исто така, после работа, остатокот од времето го поминуваме во седечка положба и покрај тоа што стручњаците советуваат да правиме што повеќе физичка активност во текот на денот.

Ваквиот начин на живот има негативни последици по нашето здравје, кои ви ги откривме во продолжение.

Го скратува животниот век
Истражувањата покажаа дека луѓето кои седат долго време во текот на денот имаат пократок животен век. Физичката активност може да го намали овој ризик.

Поголем ризик од деменција
Предолгото седење влијае на синапсите во мозокот и го зголемува ризикот од деменција, но и срцев удар, дијабетес, мозочен удар, висок крвен притисок и висок холестерол во крвта. Вежбањето може да ги намали овие ризици.

Тромбоза
Тромозата се јавува кога има затнување на вените на нозете, а тоа главно се јавува кај луѓе кои седат предолго. Сигурно сте забележале дека кога седите подолго време, нозете ви отекуваат и ве болат? Затоа е добро да правите паузи во работното време и да прошетате.

Анксиозност
Премногу време пред екранот (компјутер, телефон, ТВ) влијае на засилените симптоми на анксиозност и го нарушува квалитетот на спиењето.

Како да ги спречите последиците од предолгото седење?

  • Правете паузи за време на работното време. Прошетајте и истегнете се на секои половина час.
  • Можете да добиете маса што може да се подигне, за да можете да поминете дел од вашето работно време стоејќи.
  • Ако тоа не е можно, одберете да одите на работа пеш или со велосипед. Доколку живеете предалеку, симнете се од автобуската постојка порано и на тој начин вклучете ја физичката активност во вашиот дневен распоред. Не користете го лифтот, туку качете се по скалите.
  • Шетајте секоја вечер пред спиење, најмалку половина час.
  • Одете на тренинзи најмалку три пати неделно.
  • Слободното време не го поминувајте пред компјутер или ТВ. Изберете забавна активност со семејството и/или пријателите (куглање, билијард, пешачење, бадминтон, одбојка…)
Прегледи:
394
Објавено на:
15.05.2022